Роџер Федерер во големи финансиски проблеми: Надал го измамил, а Ѓоковиќ не сакал да учествува

Точка

16/09/2024

14:17

15.392

Големина на фонт

а а а

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер веќе две години ужива во своето пензионирање, а по завршувањето на неговата играчка кариера решил да патува колку што може но и да ги „шири“ своите бизниси. Меѓутоа едниот од најдобро платените спортисти на сите времиња сега се соочува со финансиски проблеми, бидејќи турнирот „Лејвер куп“ којшто Федерер го основал со соработниците, не ја остварува очекуваната добивка.


Како што пишува шпанската „Марка“ ова може да се види и врз основа на неочекуваниот пресврт пред почетокот на овој турнир којшто особено ги погоди навивачите. Имено, Федерер го „продал“ овогодишниот Лејвер куп во Берлин, а потоа одлучил значајно да ги зголеми цените на влезниците. Шпанските медиуми врз основа на ова заклучуваат дека турнирот е сè понепрофитабилен, и изнесуваат податоци за голема загуба на финансиски средства уште од минатата година, и дека поради тоа Федерер се одлучил да заработува од навивачите.

По ова поскапување, цените за влезниците за овогодишниот Лејвер куп се движат од 300 евра до 4.420 евра за најлуксузните места на трибините. Меѓутоа овие цени не се вообичаени дури ни за гренслем турнирите каде што најскапите влезници чинат околу 1.500 евра, коишто се најважните тениски турнири за разлика од Лејвер купот којшто е егзибиционен турнир.

Минатогодишниот Лејвер куп, наводно имал загуба од 1,8 милиони евра, а проекциите се дека овогодишниот ќе има загуба од 1,5 милиони евра.

Лејвер купот има заработено најмногу пари во 2022 година, кога Роџер Федерер одлучи да се прости од својата кариера токму на овој турнир, а тогаш како негови гости ги повика Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, така што присуството на овие тениски ѕвезди му донесе профит од пет милиони евра.

Оваа година на турнирот нема да учествуваат ниту Надал ниту Ѓоковиќ, поради што се очекува и помала посетеност. Ѓоковиќ одлучил да одмори и да ја претставува Србија на Дејвис купот, додека Надал во последен момент го откажа своето учество на турнирот. Малку е да се каже дека со овој свој потег Надал ги разочара навивачите коишто купиле влезници само поради него, а притоа без доволно добра причина, имено тој не е повреден туку само се откажал од турнирот за наместо него да игра „некој друг“, а тоа ќе биде Григор Димитров којшто нема ни приближен бброј навивачи како Надал.


Кој ќе игра на овогодишниот Лејвер куп?

Надал појасни дека воопшто не е повреден и дека само сака да го отстапи своето место на Лејвер купот на некој друг, што беше голем шок: „Многу сум разочаран што морам да споделам со вас дека нема да можам да се натпреварувам на Лејвер купот којшто ќе се одржи во Берлин следната недела. Ова е тимски натпревар и за навистина да го поддржам „Тимот Европа“ морам да о направам тоа што е најдобро за тимот, а во овој момент има други играчи коишто можат да му помогнат на тимот да дојде до победа“, објави Надал.


Веќе се донесе одлуката дека наместо Надал ќе се натпреварува Григор Димитров, а во неговата екипа ќе бидат и: Каспер Руд, Стефанос Циципас, Карлос Алкараз, Александар Зверев и Данил Медведев. Од друга страна „Тимот Свет“ ќе го предводи Џон Мекинро а на располагање ќе ги има: Алехандро Табило, Алекс Де Минор, Тејлор Фриц, Бен Шелтон, Томи Пол и Френцис Тиафо, а јасно е дека европјаните се големи фаворити предводени од „селекторот“ Бјерн Борг.

Овогодишниот Лејвер куп ќе се одржи во Берлин од 20 до 22 септември, а ова ќе биде седмото издание на турнирот којшто го има основано Роџер Федерер со своите партнери.



Спонзорирани линкови

Маркетинг