[ФОТО] Под тапет од својот дом нашол порака од 1975 година, па почнал да ја бара поранешната станарка

Точка

18/09/2024

12:37

1.703

Големина на фонт

а а а

Додека го реновирал својот дом, еден човек открил криптична порака, напишана во 1975 година под стариот тапет, која решил да ја објави на социјалните мрежи, пишува „Мирор“.

„Јас сум овде, ти си таму, само времето нè дели. Која е иднината? Или јас сум минато? Единствениот одговор на тоа – ти си мојата иднина, јас сум твоето минато. Ти посакувам добар ден“, гласи пораката за која дознал дека е напишана од поранешната станарка на куќата, Ајлин Волмсли кога таа била тинејџерка.

Message found behind a wall some 50 years later. It reads "I am here, you are there, separated by time alone. What's it like in the future' Or am I the past' The only answer to that you are my future, I am your past. I wish you a good day 1975 Eileen Walmsley."
byu/Dr-DrillAndFill inoddlyterrifying

Новиот сопственик на домот побарал од луѓето на социјалните мрежи да му помогнат да ја најде Ајлин, речиси 50 години откако таа ја напишала криптичната порака на ѕидот од нејзината соба.

Неговата потрага вродила со плод. Ајлин, која е во своите 60-ти години и се презива Палмер, открила дека ја напишала пораката додека нејзините родители ја преуредувале нејзината соба.

Ајлин била воодушевена кога дознала дека некој ја открил нејзината порака и останала во контакт со семејството што живее во нејзиниот стар дом.




Спонзорирани линкови

Маркетинг