[ФОТО] Поминавме 420 километри, потполно голи на велосипед: Возевме шест дена, а ова беше реакцијата на луѓето

Точка

19/09/2024

11:41

2.029

Големина на фонт

а а а

Во текот на своето патување, Џеј Антиќ и Нил Кокс, го комбинирале кампувањето на отворено со престојот во хотели и пансиони, а во продавниците и баровите влегувале без каква било облека. Сега додека крстарат во Корнвола, велат дека реакцијата на јавноста била „прилично позитивна“.

Нил Кокс и неговата пријателка Џеј Антиќ, на седми септември, го започнале своето невообичаено патување од 260 милји односно 418 километри, од Глостер до Лендс Енд во Корнвол, и тоа без облека на себе. Овој динамично дуо, одлучило да ги истражи природните убавини на сопствен и единствен начин.


Нивната рута го опфаќала возењето со велосипед од Глостер до Бристол, истражување на Мендипс и застанување во Гластонбери. Во текот на патувањето, Нил и Џеј го комбинирале кампувањето на отворено со престојот во хотели и пансиони.

Инаку, Нил е вработен во финансискиот сектор и по потекло е од Стоук, источен Чешир.

„Пред две години, возевме велосипед до Ленд Енд и собравме околу 5.000 фунти. Овој пат повеќе беше уживање. Сега не сме далеку од крајот и се соочивме со различни реакции. Луѓето на социјалните мрежи секогаш имаат свое мислење, но не добивме многу негативни коментари“, изјави Нил.

Во еден момент двајцата сепак се облекле, но не поради луѓето, туку поради временските услови.

„Во Гластонбери луѓето беа особено позитивни, можеби дури и премногу. Во Бристол, луѓето беа рамнодушни, а тоа е она што всушност го посакувавме. Имаше моменти кога бев загрижен поради можните негативни реакции, но сето тоа беше во мојата глава. Откако поминавме низ Гластонбери, се облековме, но само поради ветерот и дождот“, додаде Нил.


Нил и неговата партнерка, Џеј Антиќ, којашто е од Пекам, југоисточен Лондон, ја започнале својата авантура во саботата. „Посетивме неколку барови во Бристол потполно голи, забележувајќи дека реакцијата на присутните беше главно „рамнодушна“, велат тие.

Неделата ја поминале планирајќи ја логистиката за остатокот од рутата, пред да тргнат кон Мендис Хилс в понеделник. Во зависност од времето и локацијата, тие кампувале или престојувале во хотели и пансиони. Во текот на патувањето до Каломптон во Девон, тие запреле во Гластонбери каде што се освежиле, испиле пијалак и ги истражиле локалните продавници.

„Во Гластонбери беше речиси премногу позитивно. Една госпоѓа дури и нѝ се заблагодари. Каде и да отидеме луѓето не набљудуваат, мислам дека некои се едноставно збунети затоа што гледаат двајца голи луѓе како одат во пар“, вели Нил.

Додека се приближувале кон крајот на својата рута, парот бил пријатно изненаден од позитивните реакции коишто ги добиле. Меѓутоа, Нил признал дека откако го споделиле нивното патување на Фејсбук, сите не ја поддржале нивната голотија.

Еден корисник на Фејсбук коментирал: „Можете да сакате да бидете голи, но тоа не значи дека сите сакаат да го видат тоа. Имајте повеќе почит кон другите луѓе“. Друг корисник додаде: „Никогаш не успеав да ја разберам потребата на луѓето да привлекуваат внимание на себе, а притоа ништо да не придонесуваат кон општеството“. Покрај негативните коментари, некои корисници на социјалните мрежи им дале поддршка со коментари: „Секоја чест“.

Нил објасни дека нивниот со избор да го прифатат натуризмот немаат намера да ги вознемируваат другите, туку се работи за прифаќање на природен начин на живот. „Не сметам дека голите тела се лоши или опасни. Тоа не е сексуална работа, имам девојка веќе 10 години и таа нема проблем со тоа што одам на патувања со други жени, бидејќи знае дека тоа е здраво и дека нема ништо повеќе од тоа. Живееме во свет преполн со проблеми, па доколку можеме да им помогнеме на луѓето да разберат дека сите човечки тела се во ред, тогаш правиме нешто правилно“, вели Нил.

„Ова беше добра пресвртница за мене во врска со самодовербата и прифаќањето на сопственото тело. Еднаш имам прочитано дека изложеноста на несексуална голотија може позитивно да влијае на тоа како другите се гледаат себеси. Во денешниот свет, верувам дека ова е секогаш корисно“, додаде Џејн.

Нил исто така вели: „Се чувствувам посреќно и под помал стрес сум кога сум гол, а изгледа дека поглем дел од луѓето го поддржуваат ова“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг