Влез на младенци каков што не сте виделе досега: Поради изборот на песна, видеото од оваа венчавка во Србија стана хит на интернет

Точка

19/09/2024

17:43

2.026

Големина на фонт

а а а

Младенците за својот влез во свадбената сала обично се обидуваат да остават добар впечаток, било со впечатлива кореографија или избор на песна, а овој пар од Србија тоа сигурно го постигнал.

Невестата Теодора Спасиќ на својот ТикТок профил сподели видео од влегувањето во салата со својот партнер, а музичката позадина за истото била химната на Лигата на шампионите.


„Година и пол ја планираш вашата романтична венчавка, но твоето момче одлучува тој да ја избере песната за вашиот влез“, напишала таа во видеото.

Снимката привлече 2 милиони прегледи со многу коментари, а многумина се воодушевени од неочекуваниот избор на музика.

Додека познатата мелодија одѕвонувала во салата, парот бил дочекан со аплауз, а на крајот ги чекал матичарот. Сепак, нивниот прв танц изгледал малку поромантично, кој со специјалните ефекти изгледал како Дизниева екранизација на бајка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг