[ВИДЕО] Георгина ја ставила Карлеуша во нејзиниот документарец на Нетфликс: Погледнете ги моќните кадри, а не изостанале ниту бројните комплименти

Точка

19/09/2024

14:06

1.533

Големина на фонт

а а а

Нетфликс започна со емитување на третата сезона на реалити серијата „Јас сум Георгина“, која го следи животот на свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез.

Она што никој не го очекуваше беше појавувањето на српската пејачка Јелена Карлеуша, која публиката може да ја види во неколку кадри, а Георгина се слуша како ја фали.


Додека Јелена шета по пистата од минатогодишната Модна недела во Париз, во една сцена од шоуто, Георгина вели: „Уау, погледнете го ова. Колку добро одело има таа“. На тоа соработничката на Георгина вели: „Тоа е нејзино“, а свршеницата на Роналдо одговара: „Навистина?“.

Јелена со тоа се пофали на социјалните мрежи.


„Никогаш не мислев дека ќе се видам случајно гледајќи „Нетфликс“. Ти благодарам Георгина за убавите зборови. Твојот документарец е неверојатен“, напишала Јелена покрај сцената во која се појавува.

Тие сцени на Георгина и Јелена се снимени во март на ревијата на „Ветементс“ (Vetements) во Париз. Потоа Георгина се прошета во дресот на Роналдо, а беше снимена како разговара со Јелена зад сцената.

Луѓето се убедени дека Георгина ѝ открила на Карлеуша кога Роналдо ќе ја заврши фудбалската кариера и ќе се пензионира.

„Кристијано, уште една година и толку. Можеби две, не знам“, се слуша како вели на снимката.

По ревијата, Георгина и Јелена се заследија на социјалните мрежи. Карлеуша објави и фотографии од модната ревија, меѓу кои е и Георгина, која во коментарите ѝ остави емотикон срце.



Спонзорирани линкови

Маркетинг