Почина творецот на уредот кој спаси стотици илјади возачи од казни

Супермен

20/09/2024

19:00

9.655

Големина на фонт

а а а

Мајк Валентајн, творецот на легендарниот радарски детектор „Valentine V1“, почина на 75-годишна возраст.

Ако некогаш сте поминале некое време во светот на спортските автомобили, веројатно сте слушнале за ова име - од 1992 година, „V1“ беше незаменлива алатка за луѓето кои сакаа да останат чекор пред полициските контроли на брзината.

Слободно може да се претпостави дека овој уред во текот на децениите им помагал на возачите да заштедат стотина илјади долари на казни за пребрзо возење.


Валентајн, кој е роден во Охајо, рано ја започнал својата кариера во индустријата за радарски детектори, како соосновач на „Cincinnati Microwave Inc.“ во 1974 година. Оваа компанија подоцна ќе стане „Escort“, уште еден реномиран производител на детектори.

На почетокот на 1990-те, тој го напуштил брендот поради несогласувања околу иднината на компанијата и започнал да работи самостојно.

„Не бев готов. Тоа беше како да се симнав од воз кој брзо оди. Гледав другите како минуваат и сакав да се вратам“, рече тој во интервју во 2020 година.

Потоа, компанијата на Валентајн доживеа успех. Супериорниот квалитет на детекција и стрелките на детекторот кои ја покажуваат насоката на дојдовните сигнали го издвојуваа „V1“ од другите уреди, а корисниците можеа да ги испратат своите уреди во фабриката за постојано да се надградуваат и приспособуваат на новите методи на полициска контрола.

„V1“ помина низ вкупно осум ревизии пред Валентајн во 2020 да го претстави „V1 Gen 2“. Дури и во подоцнежната фаза од животот, тој продолжи да го развива својот производ, а во јануари минатата година доби награда за животно дело од Универзитетот во Синсинати.

Веста за смртта на Мајк Валентајн, која ја пренесе порталот „Cincinnati.com“, не ја прецизираше причината, туку само дека тој „ненадејно починал во својот дом во Синсинати“. Зад себе ја остави сопругата Маргарет со која беше во брак 51 година, како и две ќерки.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk