[ВИДЕО] Судиите направија голем пропуст, контроверзниот гол на Норвич ја обиколи Европа

Дерби

28/09/2024

18:10

470

Големина на фонт

а а а

Натпреварите во англискиот Чемпионшип и денеска донесоа интересни соочувања, а најмногу контроверзи донесе дуелот меѓу Дерби и Норвич.

Гостите победија со хет-трик на Борха Саинц, а првиот гол на Шпанецот стана вирален поради очигледна причина, односно при додавањето кон стрелецот на голот, топката дефинитивно беше излезена од теренот.

Џош Сарџент запиша асистенција во оваа ситуација, но нејасно е како главниот судија и едниот помошник не забележаа дека топката одамна го имаше целосно напуштено теренот и не го поништија овој инаку атрактивен погодок.

Драматичниот дуел заврши со победа на гостите со резултат 2:3, а фановите со своите коментари уште еднаш ја истакнаа потребата од воведување ВАР и втората најсилна англиска лига.



Спонзорирани линкови

Маркетинг