[ВИДЕО] Урнебес во Бугарија стана вирален: Среде натпревар се појави такси

Точка

27/09/2024

23:13

3.187

Големина на фонт

а а а

„Неверојатниот свет на бугарскиот фудбал“, „Ова е Бугарија“, „Вакво нешто е можно само во Бугарија“, се некои од коментарите.

Во 10-тото коло од бугарското фудбалско првенство играле клубови од главниот град. Септември Софија беше домаќин на ЦСКА 1948. Натпреварот заврши 1-1 и за никого освен за ретките навивачи на тие клубови оваа средба немаше да биде важна ако во 78-та минута на стадионот не се појавеше такси и завртеше круг околу теренот. Кога дојде до корнер знаменцето, заврте и го напушти стадионот.

Не се знае кој го повикал таксито ни дали возачот собирал патници на натпреварот, но сцената како се вози околу теренот, секако, благодарение на социјалните мрежи, стана вирална.

„Неверојатниот свет на бугарскиот фудбал“, „Ова е Бугарија“, „Вакво нешто е можно само во Бугарија“, се некои од коментарите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг