Реал Мадрид нема да смета на Килијан Мбапе во утрешното градско дерби со Атлетико, но тренерот Карло Анчелоти не смета дека тоа е голем проблем за неговата екипа.
Отсуството на Французинот остава поголем простор за останатите офанзивни играчи во составот на Реал, а италијанскиот стручњак има повеќе опции во одредувањето на почетниот состав.
– Навикнати сме да играме без Мбапе, затоа што тој не играше и минатата сезона. Ќе бидеме добри и без него.
– Не посветувам многу внимание ниту на формацијата, бидејќи таа може да се менува во зависност од резултатот. Најважно е фудбалерите да бидат пожртвувани и да си помагаат еден на друг, – рекол Анчелоти.
Тренерот потврдил дека Едуардо Камавинга ќе биде во комбинација за настап, а неговата екипа има два бода повеќе од Атлетико во пресрет на овој натпревар.