Принцот Хари и Меган Маркл проневериле милиони од хуманитарната фондација? Исчезнати 4 милиони долари, новиот даночен извештај ќе ги расветли деталите

Супермен

30/09/2024

11:15

4.563

Големина на фонт

а а а

На добротворната организација „Archewell“ на принцот Хари и Меган Маркл ѝ недостасуваат повеќе од 4 милиони долари, откриено е во најновиот даночен извештај, пишува „MailOnline“.

Финансискиот пропуст доаѓа во незгоден момент за фондацијата на принцот Хари и Меган Маркл, која веќе беше означена како „деликвентна“ на почетокот од оваа година бидејќи не поднела годишна евиденција.

Фондацијата дури неодамна доби дозвола повторно да собира и троши пари, а новите проблеми со IRS (Internal Revenue Service) може дополнително да ја разнишаат нејзината репутација, пишува „Daily Mail“.

Фондацијата добила две исплати од над 6 милиони долари во изминатите две години, но ниту една не се појавува на даночната пријава. Постојат шпекулации дека големите донации на „Archewell“ можеби биле направени анонимно преку посреднички организации, практика забележана во минатото.


Инаку, на почетокот на годинава фондацијата веќе беше на удар и се сомневаше во регуларноста на нејзиното работење поради неправилности во поднесувањето на годишниот извештај и плаќањето на надоместоците. Иако извори блиски до војводата и војвотката од Сасекс тврдеа дека проблемот бил предизвикан од необработен чек од 200 долари, овој нов финансиски пропуст може дополнително да ја искомплицира ситуацијата.

Сите погледи сега се вперени во претстојниот даночен извештај на фондацијата „Archewell“, кој се очекува на 15-ти ноември 2024 година. Доколку повторно се појават проблеми, тоа би можело да предизвика нови компликации за фондацијата, но и за Хари и Меган, кои веќе се осомничени за малверзација.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk