Швајцарија е позната по високите трошоци за живот, а тоа го потврди и овогодишниот извештај „Cost of Living Index by City 2024“, објавен од „Numbeo“, најголемата светска база на податоци за градови и земји ширум светот.
Според нивните податоци, најскапи градови за живеење досега во 2024 година се Женева и Цирих, а потоа следи Њујорк. При креирањето на овој извештај биле земени предвид трошоците за намирници, кирија, оброци во ресторани и вкупните трошоци за живот.
Во Женева намирниците се за 11,4% поскапи отколку во Њујорк, а цените во рестораните се повисоки за 1,5%. Меѓутоа, трошоците за домување се за 40,4% поевтини во Женева отколку во Њујорк.
1. Женева, Швајцарија
2. Цирих, Швајцарија
3. Њујорк, САД
4. Сан Франциско, САД
5. Бостон, САД
6. Рејкјавик, Исланд
7. Вашингтон, САД
8. Сиетл, САД
9. Лос Анџелес, САД
10. Чикаго, САД
Иако Швајцарија е најскапата земја во светот за живеење, Женева исто така е рангирана како еден од најдобрите градови за живот. Кон средината на оваа година, Виена беше прогласена по четврти пат во последните 6 години за најдобар град за живот, покажуваат податоците на „Economist Intelligence Unit“ (EIU). Цирих се најде на третото, а Женева на шестото место на таа ранг-листа.
Минатата година „The Economist“ ги објави најскапите градови во 2023. Во извештајот „Index Worldwide Cost of Living“ се споредуваат цените на повеќе од 200 производи и услуги во 173 градови низ светот, а според резултатите најскапи се Сингапур и Цирих.
Женева е на третото место, изедначена со Њујорк.