Во овој приморски балкански град становите одат „како алва“: Кирија од 367 евра, а речиси и да нема повеќе слободно што да се купи

Точка

14/10/2024

12:00

17.971

Големина на фонт

а а а

Цените за изнајмување станови во Хрватска продолжиле да растат во текот на првата половина на 2024 година, но значително побавно во споредба со просекот на Европската унија. Додека во ЕУ цената на изнајмување по квадратен метар скокна за 47,1% во однос на крајот на 2023 година, во Хрватска растот бил само 1,3%.

Според податоците, Хрватска била меѓу последните членки на ЕУ по стапка на раст на изнајмувањето недвижности.

Најголем пораст на цените е забележан во Риека, каде што цените на изнајмувањето на станови пораснале за 26% во однос на крајот на минатата година. Во Сплит и Загреб, исто така, е забележан скок од 20%, додека во Осиек растот бил помал и изнесувал 17%. Овие бројки покажуваат дека од поскапувањето особено се погодени поголемите градови во Хрватска.


Просечните цени за изнајмување на станови од 50 метри квадратни варираат во зависност од градот. Во Загреб тие се движат од 450 до 1.000 евра месечно, во Сплит од 400 до 900 евра, додека во Риека се нешто пониски, од 390 до 800 евра.

Осиек има најниски цени меѓу поголемите градови, со распон од 367 до 600 евра месечно.

Иако растот на цените на закупнината на недвижности е значителен, продажните цени на становите во Хрватска бележат уште поголем пораст. Според „Евростат“, продажните цени на недвижностите во вториот квартал од 2024 се зголемени за 4,3% во однос на првиот квартал, што е највисок забележан раст меѓу сите земји-членки на ЕУ.


Во споредба на другите земји од ЕУ, Хрватска може да се смета поповолна во однос на киријата, бидејќи земјите како Унгарија и Романија забележаа раст од над 6%.

Меѓутоа, аналитичарите предупредуваат дека цените би можеле дополнително да растат во наредните месеци, особено во популарните туристички дестинации, пренесува „Novi List“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk