Диететичарка предупредува: „Овие две намирници во најголема мера предизвикуваат рак, обидете се да ги избегнувате колку можете повеќе“

Точка

18/10/2024

09:57

1.484

Големина на фонт

а а а

Многу се зборува за намирниците кои наводно го зголемуваат ризикот од рак. Сепак, диететичарката која е специјализирана за рак Никол Ендрјус истакнува две работи.

Во неодамнешното видео на социјалната мрежа ТикТок, Ендрјус објаснила која храна всушност го зголемува ризикот од рак. И покрај мноштвото информации на интернет за различни намирници кои се потенцијално канцерогени, таа вели дека постојат само двајца главни виновници.

Алкохол

„Како диететичар кој е специјализиран за рак, сакам да ве потсетам дека иако сите велат дека сè што јадете го зголемува вашиот ризик, тоа не е точно. Само две намирници што ги јадете го зголемуваат ризикот од рак“, наведува Ендрјус.


Колку и да сакаме сите да испиеме чаша вино за време на вечерата, реалноста е дека редовното консумирање алкохол може да му наштети на нашето здравје. Според Ендрјус, тоа дури може да го зголеми ризикот од рак.

„Сите видови алкохол претставуваат ризик, вклучително и црвеното вино“, предупредува диететичарката.

Проблемот е поврзан со начинот на кој телото го метаболизира алкохолот. Кога алкохолот се разградува, тој се претвора во ацеталдехид, токсично соединение кое може да ја оштети ДНК и да ја попречи способноста на телото да ги регенерира клетките. Со текот на времето, ова клеточно оштетување може да доведе до мутации и, на крајот, до рак.

Поради тоа, најдобро е да го ограничите внесот на алкохол колку што е можно повеќе.

Преработено месо

Преработеното месо може многу да му наштети на вашето здравје поради повеќе причини. Диететичарката во видеото предупредува дека ова вкусно месо, за жал, е една од ретките намирници кои докажано предизвикуваат рак. Опциите како што се виршли, сувомесни производи, колбаси и други, предизвикуваат загриженост.


Преработеното месо се суши, се чади или се конзервира и преработува и на други начини кои може да создаде штетни хемикалии како нитрати и нитрити. Тие можат да се претворат во канцерогени соединенија во телото, што ги прави една од ретките намирници кои можат да го зголемат ризикот од рак. Светската здравствена организација (СЗО) дури го класифицираше преработеното месо како канцерогено од групата 1, што значи дека постојат силни докази што го поддржуваат фактот дека тие можат да предизвикаат рак.

Затоа, ако сакаме да го намалиме ризикот од рак, важно е да се фокусираме на ограничување на потрошувачката на алкохол и преработено месо.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг