Соработката помеѓу Баерн и гигантите од Инголштад продолжува и во новата сезона.
Фудбалерите сакаат „Audi“, а оние од првиот тим на Баерн ќе ги добијат на подарок. Членовите на фудбалскиот клуб кој доминира во Германија ќе имаат можност во новата сезона да ги возат најновите модели на "Audi".
Играчите, тренерите и официјалните лица на ФК Баерн Минхен добија нови службени возила за тековната фудбалска сезона. Воедно, продолжува практиката од 2020 година, според која возниот парк целосно се состои од електрични возила.
Суперѕвездата Хари Кејн, капитенот на Германија Џошуа Кимих, главниот тренер Винсент Компани и голманот Мануел Нојер ќе го возат "Audi SQ8 e-tron". Германскиот репрезентативец Џамал Мусиала се одлучи за "Audi Q6 e-tron", а ѕвездата во подем Александар Павловиќ се одлучи за "Audi Q4 e-tron".
Како и централниот дефанзивец Упамекан, помошниците тренери го избраа "Audi SQ6 e-tron", кој, меѓу другото, се карактеризира со долг досег од речиси 600 километри. "Audi RS e-tron GT performance" оваа сезона ќе ја возат Томас Милер, Конрад Лајмер и Леон Горецка.
Единаесет вработени во "Audi", избрани меѓу многуте што се пријавија преку интернет сајтот на компанијата, му ги предадоа клучевите на тимот и можеа да поминат извесно време со нив. Ѕвездите одвоија многу време за автограми и селфи со обожавателите.