[ФОТО] Ќерката на Еминем Хејли се подготвува за пристигнувањето на првото бебе, средувајќи ја детската соба

Точка

29/10/2024

17:38

769

Големина на фонт

а а а

Ќерката на Еминем, 28-годишната Хејли Џејд Скот, се подготвува за пристигнувањето на своето прво дете. Во нејзината неодамнешна објава на Инстаграм, Хејли сподели фотографии од неа и сопругот Еван Меклинток како седат на подот во празна соба, и смеејќи се и држат четки во рацете.

Над нив, на ѕидот, со бела боја беше испишано „Мама + тато 2025“, покажувајќи дека ја украсуваат собата за бебето кое треба да пристигне. „Нашето семејство ќе се зголеми за две мали стапала“, напиша идната мајка под фотографијата. „Ова ќе биде нашиот најспецијален проект досега“, додаде таа.


Еминем ја сподели среќната вест дека ќе стане дедо во спотот за неговата песна „Temporary“. Видеото содржи стара снимка од неговата ќерка, а на крајот од него, Еминем додаде снимка од моментот кога Хејли Џејд му открила дека го чека своето прво дете.

Се омажи во мај

Потсетуваме, Хејли Џејд кон средината на мај се омажи за својот долгогодишен партнер Еван Меклинток, а на социјалните мрежи сподели фотографии од венчавката. „Оваа недела се разбудив како сопруга. Не можевме да замислиме подобра и поубава прослава. Толку многу солзи радосници беа пролеани. Многу се смеевме и толку голема љубов почувствуваме“, напиша Хејли под фотографиите од венчавката.


Хејли додаде дека таа и Еван се благодарни што толку многу пријатели и членови на семејството допатувале за да ги поддржат и да бидат дел од нивното ново животно поглавје. Инаку тие двајца се запознале на факултети, а во 2016 година ја започнале љубовната врска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг