Кон крајот на неделата ќе биде објавена песната која Лиам Пејн ја снимил пред смртта

Точка

29/10/2024

21:46

596

Големина на фонт

а а а

Песната на која работеше Лиам Пејн пред неговата смрт ќе биде објавена за неколку дена. Копродуцентот откри дека песната насловена „Do No Wrong“ ќе биде објавена оваа недела, пренесува „Daily Mail“.

„Се молам ова да биде благослов за светот каков што Лиам отсекогаш го сонувал. Се молам ангелите да ве тешат секој ден додека ќе ја слушате. Се молам оваа песна да биде благослов за Рут, Беар и целото семејство“, напиша Сем Паунц на „X“.


Песната ќе биде објавена во петок на 1 ноември. На сликата која ја објави Пауц може да се види маж со крилја, кој го претставува Лиам, а над него има скршено срце.

Сем исто така откри дека Лиам сакал оваа песна да ја сними со Крис Браун. Обожавателите на поранешниот член на „One Direction“ беа воодушевени од оваа вест. „Ти благодарам за ова. Многу нѝ значи“, „Плачам затоа што размислувам дека ќе можам да го слушнам неговиот глас преку новата песна“, „Возбуден сум поради новата песна“, беа дел од коментарите на обожавателите.

Бил дрогиран

Пејн почина откако падна од балкон во хотелот „Casa Sur Palermo“ во Буенос Аирес, Аргентина на 16 октомври. Според прелиминарниот извештај од обдукцијата, пејачот починала откако се здобила со повеќе „внатрешни и надворешни“ повреди по падот од балконот.


Објавен е и прелиминарен токсиколошки извештај кој покажал дека пејачот во телото имал траги од кокаин, бензодиазепин, крек кокаин и „розов кокаин“, кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА.

Полицијата го пребарува хотелот

Според извештајот на „Mirror“, полицијата пред неколку дена влегла во хотелот во потрага по дополнителни информации во врска со хотелскиот персонал.


Изворите велат дека хотелот е должен да ги предаде новите безбедносни снимки на истражителите и да обезбеди информации за вработените. Во моментов се води истрага за вработените кои работеле на денот на неговата смрт, како и оние кои работеле неколку дена пред несреќата. Истражителите веќе разговарале со двајца вработени, за кои се сомнева дека тие му доставувале дрога на Лиам.

Наводно, чистачот и уште еден вработен ја скриле дрогата во кутија за сапун, која полицијата подоцна ја пронашла во собата на Пејн.



Спонзорирани линкови

Маркетинг