[ФОТО] Сите го напаѓаат, а "Kia" го брани својот прв пикап

Точка

01/11/2024

13:41

5.807

Големина на фонт

а а а

Од моментот кога "Kia" почна да го најавува својот прв пикап, знаевме дека ќе изгледа чудно.

Конечно видовме како изгледа "Tasman" (наменет за Австралија) на почетокот на оваа недела – од речиси секој агол, тоа е малку чудно возило, но јужнокорејската компанија е задоволна од тоа како испадна сето тоа.


Бранејќи го стилот на "Tasman", шефот за надворешен дизајн на "Kia", Џон Бакинг, за австралиското списание "Carsales" изјави:

„Горди сме на она што го постигнавме. Одделот за дизајн создаде нешто уникатно и има многу позитивни одговори за тоа“.

Сите дизајнерски студија на компанијата ширум светот беа вклучени во процесот (околу 20 од нив), а "Kia" ги избра последните три кои биле направени во размер 1:1.


Освен необичниот изглед, друга замерка е отсуството на мотор со шест цилиндри, но тоа е разбирливо ако се земе предвид дека "Ford Ranger", "Volkswagen Amarok" и "Toyota Hilux" имаат "V6". Како и со дизајнот, "Kia" ја брани својата одлука да нуди само четирицилиндарски бензински и дизел мотори.

"Kia Australia" веќе изрази интерес за потенцијална "SUV" верзија на "Tasman". Ако дојде, ќе се спротивстави на "Ford Еверест", "SUV" направен на платформата "Ranger", кој се продава на одредени пазари.

Што мислите за "Kia Tasman"? Пишете ни во коментари.