Марсело го прекина молкот: Вистината секогаш ќе излезе на виделина

Дерби

04/11/2024

11:58

861

Големина на фонт

а а а

Марсело како фудбалски ветеран доживеа една од најпонижувачките ситуации во својата кариера на 36-годишна возраст, кога пред неколку дена влезе во расправија со својот тренер Мано Манезес во 90-та минута од натпреварот со Гремио.

Наместо да влезе во игра, левиот бек беше вратен на клупата за резерви откако му дофрли нешто на тренерот, за неколку часа подоцна да пристигне информација дека неговата етапа во Флуминенсе е предвремено завршена.

Фудбалерот и клубот брзо си подадоа рака за прекин на соработката, а бидејќи Марсело доби и низа критики за своето однесување, сега реши да го прекине молкот и да се огласи преку социјалните мрежи.

– Доживеав прекрасна етапа во Флуминенсе. Пред речиси две години, решив да се вратам во клубот, мотивиран од сентименталната врска која ја имам со Флуминенсе. Бев дел од незаборавни моменти, какошто е првата титула во Копа Либертадорес во историјата на Флуминенсе. Моето име е овековечено на обновениот Марсело Виеира стадион, место на кое нашите млади играчи секојдневно тренираат.

– Сакам да им се заблагодарам на сопругата, на моите деца што секогаш беа крај мене и што се жртвуваа за овој единствен момент. Благодарност и до претседателот, вработените и соиграчите. Благодарност до навивачите за нивната поддршка, секогаш ќе го носам Флуминенсе во срцето. Вистината, исто како и сонцето, секогаш ќе излезе на виделина, – порача за крај Марсело.




Спонзорирани линкови

Маркетинг