[ФОТО] Новата "Mazda6" е веќе во продажба во Кина, цената ќе ве изненади

Точка

06/11/2024

17:08

8.264

Големина на фонт

а а а

Се очекува "Mazda" да го продава овој автомобил и во Европа.

На крајот на октомври, "Mazda" официјално ја претстави "Mazda EZ-6" во Кина. Станува збор за лимузина со средна големина изградена на хибридната платформа "EPA" на кинескиот производител "Changan".

Цената на „шестката“ се движи приближно од 18.500 до 24.000 евра.


"Mazda EZ-6" доаѓа во електрична верзија и верзија со продолжен опсег, односно со дополнителен бензински мотор кој служи како генератор на енергија за зголемување на автономијата во возењето.

"EZ-6" го следи дизајнерскиот јазик на "Mazda Kodo", со "LED" дневни светла и осветлено лого на "Mazda".


Гледано од страна, "EZ-6" има силуета на "fastback". Спојлерот автоматски се крева при брзини над 90 km/h и е дизајниран да ја подобри аеродинамиката на автомобилот.

Со должина од 4.921 mm, ширина од 1.890 мм и висина од 1.485 мм и меѓуосовинско растојание од 2.895 мм , "EZ-6" обезбедува доволно простор и удобност во кабината.


Автомобилот е опремен со 14,6-инчен инфозабавен екран, дигитална табла со инструменти и голем "head-up" дисплеј (AR-HUD).

Електричната верзијата има заден мотор од 258 коњски сили (190 kW) и две опции за батерии. Батеријата од 56,1 kWh според кинескиот стандард "CLTC" има досег од 480 км, додека батеријата од 68,8 kWh има досег од 600 км.


"EREV" (Електрична верзија со продолжен опсег) располага со 1,5-литарски мотор од 70 kW (генератор на моќност), додека погонот е електричен мотор со 218 коњски сили (160 kW).

Максималниот комбиниран досег на оваа верзија е 1.300 км.

Се очекува "Mazda" да го продава овој автомобил и во Европа.