Магазинот „Пипл“ доцна вечерва по локално време или утре наутро по средноевропско време, ќе објави кој е најсекси маж на светот за 2024 година.
Пред објавувањето на резултатите, тие објавија едиторијал на музичкиот продуцент Бени Бланко и неговите правила „како да се биде секси џентлмен“. Така Бени се најде на листата на најсекси мажи оваа година, а не е исклучено да ја понесе таа титула.
Луѓето беа збунети од фотографиите на „Пипл“ од Бени и социјалните мрежи се полни со коментари на оваа тема. На почетокот многумина мислеа дека се работи за шега, но по сѐ изгледа дека некој е многу сериозен во врска со ова.
Lol. Is this a joke?
— Olanna (@dakdutch) November 11, 2024
Even if the judges at People Magazine are blind and biased, so, this Benny Blanco fellow looked at himself in the mirror and agreed to pose for this shoot?
He didn't even feel the tiniest but of guilt at this fraudulent act? https://t.co/bq7PblQk7L
Benny Blanco for PEOPLE Magazine’s Sexiest Man Alive. pic.twitter.com/RycgCgGAoD
— Pop Core (@TheePopCore) November 11, 2024
Бени Бланко е во врска со Селена Гомез и парот минатата година ја изненади јавноста објавувајќи ја својата врска. Една година потоа, 36-годишниот продуцент и текстописец се најде на листата на „Пипл“ за најсекси мажи. Претходните години титулите ги освојуваа Патрик Демпси и Крис Еванс, а останува да видиме дали Бени или некој друг ќе биде прогласен за најсекси маж оваа година.
Откако „Пипл“ објави фотографии и видео интервју со Бени, луѓето на Твитер беа збунети каде се наоѓа тој на оваа листа.
„Не можам да верувам дека Селена им платила на луѓето за да го именуваат Бени како еден од најсексапилните мажи на светот. Ова е срамно“, „Дали ова е шега? Дали судиите во списанието „Пипл“ се слепи и пристрасни?“, „Сите знаеме дека Селена платила за ова“, коментираат луѓето.