Загубата на сетилото за мирис е поврзана со повеќе од 100 здравствени состојби: Дури и депресијата може да биде поврзана со овој проблем

Точка

13/11/2024

12:00

1.085

Големина на фонт

а а а

Губењето на сетилото за мирис може да влијае на квалитетот на животот многу повеќе отколку само преку намаленото уживање во омилената храна.

Нови истражувања откриваат дека дисфункцијата на сетилото за мирис е поврзана со најмалку 139 различни медицински состојби.

Кај многу здравствени состојби, губењето на мирисот може да се појави пред појавата на други симптоми – што често може да биде рано предупредување за посериозен проблем.

Состојбите поврзани со губење на мирисот вклучуваат:

• Алцхајмерова болест

• Анксиозно нарушување

• Биполарно нарушување

• Депресија


• Рак на мозокот

• Изложеност на тешки метали

• Хантингтонова болест (хронична и прогресивна невродегенеративна болест)

• КОВИД-19

• Менопауза

• Мултиплекс склероза

• Опсесивно-компулсивно нарушување (ОКН)

• Посттрауматско стресно нарушување (ПТСН)

• Шизофренија

Зголемено хронично воспаление и здравствени состојби

• „Загубата на сетилото за мирис е поврзана со зголемени нивоа на хронично воспаление, што може да го зголеми ризикот за развој на многу здравствени состојби“, вели д-р Мајкл Леон, професор емеритус по невробиологија и однесување на Универзитетот во Калифорнија.


Додека точните механизми преку кои губењето на мирисот влијае на мозокот сè уште се истражуваат, тоа може да биде важен сигнал дека е потребна медицинска проверка, велат истражувачите.

• „Секој проблем со мирисот може да укаже дека нешто не е во ред со мозокот“, објаснува д-р На Ма.

Фактори кои придонесуваат за губење на мирисот

Многу фактори можат да доведат до губење на мирисот, како што се синусни инфекции, загадување на воздухот и пушење. Но, во некои случаи, проблеми со мозокот може да бидат клучна причина, нагласува д-р Ку (Тереза) Тјан, научен соработник на Националниот институт за стареење.

• „Врската помеѓу губењето на мирисот и нарушувањата на расположението и невродегенеративните заболувања, како што е Алцхајмеровата болест, може да се објасни преку распаѓањето на мозочните клетки и појавата на патологија“, вели таа.


Врската помеѓу мирисите и емоциите

• „Кај нарушувања на расположението, како што се анксиозноста и депресијата, загубата на мирис може да има дополнителни негативни ефекти бидејќи олфакторниот систем е директно поврзан со деловите на мозокот кои управуваат со задоволството и емоциите“, вели д-р Џајант Пинто од Универзитетот во Чикаго, кој не бил дел од истражувањето.

Третман на губењето на мирисот и здравјето на мозокот

Истражувачите посочуваат дека е можно да се спречат или намалат многу невролошки, когнитивни и сетилни проблеми поврзани со губењето на мирисот преку третман познат како „обука на сетилото за мирис“.


Овој третман може да вклучува ароматерапија или изложеност на есенцијални масла и специфични мириси, со цел да се стимулираат невротрансмитерите во мозокот, да се намали воспалението и да се подобри меморијата.

• „Збогатувањето на олфакторниот систем не само што го подобрува чувството за мирис, туку и преку стимулирање на ова сетило, ги активира деловите од мозокот одговорни за меморијата и емоциите, одржувајќи ги здрави“, истакнува д-р Леон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг