Украина: Русите се преоблекоа во нашите униформи и тргнаа во напад

Макфакс

13/11/2024

20:30

2.006

Големина на фонт

а а а

Главниот штаб на вооружените сили на Украина соопшти дека руски војници, од кои некои биле маскирани во украински воени униформи, извршиле напад во четири бранови, обидувајќи се да ги пробијат украинските одбранбени линии на бојното поле во Купјанск.

„Од 14 часот и 30 минути, руските окупатори се обидоа да ја пробијат нашата одбрана на бојното поле во Купјанск. Непријателските напаѓачки групи ги нападнаа позициите на украинските бранители во четири бранови, ангажирајќи околу 15 возила, вклучувајќи тенкови, оклопни борбени возила“, се вели во соопштението.

Се додава дека дел од инволвираните руски војници биле маскирани во украински униформи, што е воена тактика која ги крши правилата на војната и претставува воено злосторство. Украинците нагласуваат дека сепак го одбиле нападот, уништувајќи руски оклопни возила и нанесувајќи им значителни загуби на војниците.

Генералштабот ја истакна професионалноста и координацијата на пешадијата, тенковските екипи, артилериските единици и операторите со беспилотни летала вклучени во одбранбената операција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг