[ФОТО/ВИДЕО] Пијан возач ја усмртил германската дипломатка и нејзиното семејство: Преживеаната ќерка (8) се бори за живот – морничави сцени од местото на настанот

Точка

14/11/2024

19:26

3.714

Големина на фонт

а а а

Кристина Блуменретер, германската генерална конзулка во Асунсион, Парагвај, загина заедно со сопругот и синот во несреќа во неделата, додека нејзината ќерка се бори за живот.

Несреќата се случила во неделата околу 12.25 часот, кога возачот Еугенио В.(68) се обидел да го престигне другото возило со својот „туарег“, но таа одлука довела до смртни последици.

Во спротивната лента се движела малата црвена „киа“ во којашто било германското семејство, кога Еугенио налетал на нив, а потоа удрил и во „хјундаи“ кое доаѓало од спротивниот правец.

DIPLOMÁTICA ALEMANA, SU HIJO Y EL CHOFER, LOS FALLECIDOS EN ECOVIA

SAN BERNARDINO

Autoridades confirmaron las identidades de los fallecidos en el terrible triple choque en la Ecovia camino a San Bernardino.

El fatal accidente se produjo este mediodía, en la ruta Luque-San Bernardino, conocido como Ecovia, a la altura de la localidad de Ciervo Kua.

Resultaron víctimas fatales, Osvaldo Darío Jacquet Valdez de 39, chofer, la diplomática alemana Kristin María Blumenröther de 40 años, su hijo P.J.V. de 15 años, según confirmaron las autoridades. Una menor de 9 años, hija también de la diplomática, se encuentra herida y siendo atendida en un hospital. Todos viajaban en un vehículo de la marca Kia color rojo.

Los otros vehículos involucrados son un auto Hyundai color gris, guiado por Víctor Ariel Serafini Bobadilla, mayor de edad y el auto Volkswagen color negro guiado por Eugenio María Sanabria Vierci de 68 años, quien según las autoridades dio positivo al alcotest en 0,622 MG/L, por lo que fue ordenado su detención.

Por el momento, agentes de Criminalistica y funcionarios del Ministerio Público, se encuentran investigando el accidente, para tratar de determinar quién sería el responsable del fatal hecho.

CONFIRMARON LA CUARTA VICTIMA FATAL

En el transcurso de la tarde,

 la Policía confirmó el fallecimiento de la señora NANCY ANGELUZ CHENA VALLEJOS, quien viajaba en el auto Hyundai gris.

Posted by Sucesos Paraguay noticias on Sunday, November 10, 2024

Кристина, нејзиниот сопруг Освалдо и нивниот син Филип (4) загинале на самото место. Единствената преживеана од возилото е нивната ќерка (8), која се здоби со тешки повреди и во болницата се бори за живот.


Исто така загинал и сопатникот од хјундаито, додека возачот Еугенио преживеал со повреди.

Кристина, по потекло од Баварија, и нејзиниот сопруг, по потекло од Парагвај, во јуни се преселиле од Лима во германската амбасада во главниот град Асунсион за полесно да ги извршуваат конзуларните работи, а како што пренесуваат локалните медиуми, семејството сакало да остане во Парагвај четири години.

„По речиси 10 години во странство, тој конечно сакаше да биде со нас. Имавме толку многу планови“, изјави сестрата на Освалдо за „NPI“.

„Со длабока тага се збогуваме со нашата драга колешка, нејзиниот сопруг и синот“, напиша германската амбасада во Асунсион на својата веб-страница.

Возачот Еугенио В.(68) и покрај забраната за престигнување свртел во сообраќајната лента во спротивната насока и притоа имал алкохол во крвта.

„Очевидците велат дека Еугенио уште неколку километри пред да стаса до местото на несреќата возел несовесно и со голема брзина ги престигнувал возилата“, изјави одговорниот комесар Рене Акино за „ABC“.

Според медиумите, во моментот на несреќата Кристина била на задното седиште и го држела својот син во скут, додека нејзината ќерка седела до неа. Додека возачот бил пронајден заробен во металот.

„Девојчето, која е единствената преживеана, плачеше и врескаше, барајќи ја мајка си. Имаше големи болки и модринки“, изјави Акино за локална радиостаница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг