Мојот омилен скопски ресторан. Навистина е посебен!

Точка

15/11/2024

11:00

15.330

Големина на фонт

а а а

Мојот омилен ресторан дефинитивно е „Ботаника Урбана кафана“. Уште на влезот ве пречекува многу љубезен персонал, што не е случај со многу кафеани и кафулиња во Скопје.

Амбиентот е опуштен и лежерен, што создава совршена атмосфера потребна за добро поминато време. Но нaјважното во овој ресторан е храната која е автентична, има толку многу неверојатни опции за избор, а есенското мени е навистина магично.

Специјалитетите како на пример: есенски микс со тиква како салата, топла фета во фурна со медени смокви како предјадење, телешка коленица “osso buco” послужена врз крем палента, чизкејк од тиква (без шеќер) и многу други кулинарски ремек – дела од редовното мени.


Едно од моите омилени јадења во „Ботаника Урбана кафана“ е италијанска поркета врз пире компир. Совршено е зготвена и “со одличен вкус”, која креира желба за уште повеќе секој пат. Што и да сме пробале во овој ресторан е совршено! Секогаш се готви до совршенство, а вкусовите се едноставно неверојатни. Дополнително, изборот на десерти во ресторанот е посебен. Од богата чоколадна торта, до торта со морков, секое слатко задоволство е декадентно и задоволувачко.

Овде се внимава на секој детаљ. Услугата е беспрекорна, а персоналот позитивен, услужлив и секогаш пријателски расположен. Генерално „Ботаника Урбана кафана“ е повеќе од само ресторан - тоа е место каде што може да се опуштите и да уживате во одлична храна со луѓето кои ви значат. Топлата и привлечна атмосфера, заедно со исклучителната кујна, го прави мое омилено место за незаборавно гастрономско искуство.


Овде за миг ќе се одделите од реалноста и ќе уживате со сите сетила. Едвај чекам повторно да ја посетам и да се препуштам на сите вкусни јадења што ги нуди.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг