[ВИДЕО] Поранешната борачка ѕвезда ќе стане министерка за образование во администрацијата на Трамп

Точка

20/11/2024

21:51

1.051

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп ја избра Линда Мекмахон, милијардерката и коосновач на познатата боречка организација „World Wrestling Entertainment (WWE)“, за негова кандидатка за министерка за образование, и многумина најмногу ја паметат како поранешна извршна директорка на „WWE“.

На социјалните мрежи се споделуваат снимки од нејзините настапи



По објавувањето на нејзината кандидатура, многумина на социјалните мрежи започнаа да споделуваат снимки од нејзините настапи во рингот низ годините.

Работела во одборот за образование

Новоизбраниот претседател ја продолжува практиката на номинирање на своите лојални поддржувачи на главните позиции во неговиот кабинет. Мекмахон има долга историја со „WWE“ и Трамп, којшто повремено се појавуваше на „WWE“ натпреварите.


Линда го основа „WWE“ со нејзиниот сопруг во 1980 година, а во 2009 година поднесе оставка од позицијата извршен директор со цел да се кандидира (неуспешно) за Сенатот.



Таа има малку искуство во образованието, но работеше во Државниот одбор за образование во сојузната држава Конектикат од 2009 до 2010 година. Таа во моментов работи како претседател на управниот одбор на тинк-тенк организацијата „America First Policy Institute“, која го поддржува Трамп, што значи дека нејзината потврда во Сенатот е веројатна со оглед на мнозинството кое го имаат републиканците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг