„Форбс“ ја објави листата на најбогати клубови во светот. Трета година по ред на првото место се наоѓа Реал Мадрид. Актуелниот европски шампион вреди 6,6 милијарди долари.
На листата сериозно им се доближи Манчестер јунајтед со 6,5 милијарди долари. Зголемувањето на вредноста на клубот од „Олд Трафорд“ се случи кога малцински сопственик на клубот стана Џим Ретклиф, британски милијардер, кој купи акции од американското семејство Глејзер.
По Јунајтед, на третото место е Барселона со 5,6 милијарди долари, додека Ливерпул е четврти со 5,4 милијарди.
Од петтото до 10-тото место се: Манчестер сити (5,1), Баерн Минхен (5), ПСЖ (4,4), Тотенхем (3,2), Челзи (3,1) и Арсенал (2,6).