Кина ја престигна Германија во употребата на роботи во индустријата, се вели во најновиот извештај на Меѓународната асоцијација за роботика (IFR).
На списокот што го направи ова здружение, прва е Јужна Кореја, која има 1.012 роботи на 10.000 работници, а од 2018 година оваа бројка расте со стапка од 5 проценти.
Второпласиран е Сингапур, кој има 770 роботи на 10.000 работници во фабриките, додека Кина е на трето место со 470 роботи на 10.000 работници.
Со пробивањето на третото место, Кина ги претекна Јапонија и Германија, а во 2023 година бројот на роботи на 10.000 жители се зголемил за дури 16,9 отсто.
Во извештајот на "IFR" понатаму се наведува дека Германија има 429 роботи на 10.000 работници, додека Јапонија ја комплетира Топ 5 со 419 роботи на 10.000 работници.
Што се однесува до земјите од Европа, најдобра е Шведска, која е на шестото место со 347 роботи, додека осмото место го делат Данска и Словенија, со 306 роботи на 10.000 работници, пишува "B92".
"IFR" го пресметал и просечниот број на роботи на 10.000 работници според податоците со кои располагаат и тој изнесува 162 роботи. Што се однесува до земјите од ЕУ, тој број е надминат од Холандија, Австрија, Италија, Чешка, Словачка и Франција.