Добро е познато дека географијата не е силна страна на Американците и дека понекогаш умеат да помешаат цели земји, па дури и континенти. Затоа оваа мапа која неодамна се појави на социјалните мрежи привлече големо внимание, бидејќи колку и да е смешна и карикирана, некако е и вистинита.
На неа се гледа Европа, а на според Американците, на неа постојат само неколку земји. Русија зазема најголема површина, Украина е до неа, Франција е позната по Ајфеловата кула, Шпанците се Мексиканци, веројатно поради јазикот, Скандинавија и северниот дел на Европа се всушност Северниот Пол, Грција се плажите, а Италија што друго освен пица. Но, според оваа карта најлошо поминале жителите на Балканот и Централна Европа, кои според Американците – не постојат.
Americans don’t know Geography = Peak Humor
by inAmericaBad
„Ова го правел некој многу паметен Американец, останатите мислат дека Европа е земја“, „Чекај, постои живот надвор од САД?!“, „Тие немаат поим каде е Европа“, „До пред неколку години тие не знаеја дека Украина постои“, се само дел од коментарите под оваа мапа која собрала над 180.000 лајкови.