[ФОТО/ВИДЕО] Феноменот „ѓаволски котел“: Река чија половина наеднаш исчезнува без трага

Точка

03/12/2024

19:12

1.968

Големина на фонт

а а а

Водопадот Ѓаволски котел (Devil’s Kettle“) со векови ја скокотка фантазијата на воодушевените набљудувачи. Овој водопад се наоѓа на Горното Езеро (Супериор) во американската држава Минесота, во паркот на природата „Judge C.R. Magney“, и всушност е дел од цел систем на водопади.

Овој негов дел отсекогаш привлекувал најголемо внимание – и поради тоа како настанува, но и затоа што – исчезнува. Имено, кога реката Бруле ќе наиде на голема гранитна грамада, таа се дели на два дела, а секој од нив паѓа од карпата како водопад.


И додека падот на едниот водопад е очекуван, односно кога водата ќе ја допре земјата продолжува по течението на реката, другиот е прилично невообичаен – водата паѓа во дупка која наликува на котел, а покрај тоа што навистина изгледа како нешто да „се крчка“ во неа, додатокот „ѓаволски“ веројатно доаѓа од фактот што со векови никој не знаел каде исчезнува водата.


Имено, откако реката се дели на два дела пред водопадот, по падот, се чинело дека повторно се спојуваат, па прашањето било каде оди половина од реката. Со оглед на тоа што карпите во тој простор се направени од непорозен липарит сличен на гранит, во нивното подземје нема дупки, премини и јами како во порозните варовнички региони.

Луѓето, и стручните и оние помалку стручните, се обидувале да ја задоволат својата љубопитност со емпириски (надворешни) докази, па во Ѓаволскиот котел завршило секакво ѓубре, од топчиња до сообраќајни знаци, а сето тоа не завршило, како што се надевале „младите научници“, ни во Горното Езеро ни некаде подалеку покрај реката Бруле.

Сепак, во 2017 година, благодарение на природните флуоресцентни бои и мерењето на количината на вода пред и по (водо)падот, хидролозите откриле дека по отворот или „котлето“, половина од реката многу брзо го напушта подземјето и станува надземен поток, кој по само неколку стотини метри се поврзува со главниот тек на реката Бруле.

Ова објаснување ги запре шпекулациите за „ѓаволската“ природа на отворот, но и покрај тоа што вистината е откриената, сепак овој природен феномен е прилично интересен.


А ако се прашувате зошто топчињата и другите предмети што се фрлани внатре не се појавиле во подоцнежниот тек на реката – одговорот е едноставен – Поради моќта на водата која ги дроби или ги спречува да испливаат.