[ВИДЕО] Пластичен хирург покажал неверојатни резултати пред и по лифтинг: Жена (59) изгледа 30 години помлада – брчките исчезнале како никогаш да не биле таму

Точка

29/11/2024

20:16

5.895

Големина на фонт

а а а

Естетската хирургија денес станува сè попопуларна, а луѓето сè повеќе „одат под нож“ со цел да се подмладат или целосно да го променат својот личен опис. На Интернетот речиси веќе е тренд специјалистите за пластична хирургија да ги прикажуваат резултатите од нивните операции, што покажува и новото вирално видео од трансформацијата што кружи на Тик Ток.

Имено, пластичниот хирург ја покажал неверојатната трансформација која ја направил на 59-годишна пациентка. Австралијката Венди Пеџет од Перт имала проблеми со видлив подбрадок и брчки, а по фејслифтингот изгледа речиси 30 години помладо.

Во виралното видео можете да видите како изгледала жената пред и по фејслифтингот. Жената била снимена додека чекала хируршка процедура, а лицето ѝ било обележано со маркер како би ја подготвиле.

Таа имала видливи линии на челото и околу очите, вклучително „брчки на насмевката“, како и брчки на усните.

Пред да им го покаже на сите новиот изглед на пациентката, хирургот го скрил нејзиното лице со фотографија „пред“ зафатот. А потоа ја тргнал фотографијата и покажал импресивна трансформација.

Челото на оваа Австралијка сега е речиси целосно без брчки, брчките околу очите се минимални. Исчезнале и брчките околу усните.


Пластичниот хирург потоа ѝ рекол дека изгледа како сосема нова жена, за на крај да ѝ објасни како изгледа целата процедура.

„Тоа не е магија, тоа е операција“, се пошегувал докторот.

Меѓутоа, корисниците на социјалната мрежа не можеле да поверуваат колку сега жената изгледа помладо.

„О, боже, изгледаш неверојатно“, напишала една жена.

„Изгледа 20 години помлада“, напишала друга.

„Изгледа 30 години помладо. Неверојатно“, гласел трет коментар.

„Најдобар лифтинг на лице што сум го видел во последно време. Изгледа поприродно“.

„Уау, воопшто не е холивудски фејслифтинг. Совршен и природен изглед.“