„Не треба да им глумам мајка!“ Меланија конечно откри каква маќеа е на децата на Трамп: На оваа тема говори многу ретко, а еве која е нејзината апсолутна миленичка

Точка

02/12/2024

14:08

2.211

Големина на фонт

а а а

Долго време се шпекулираше дека Тифани Трамп не е миленичка на нејзиниот татко Доналд Трамп и дека тој далеку повеќе е наклонет кон другата ќерка, Иванка Трамп.

Вистината е сосема поинаква, што се видело и неодамна на прославата на Денот на благодарноста на имотот Мар-а-Лаго во Флорида.

Тифани Трамп била меѓу членовите на семејството кои се појавиле на галата. Идната мајка носела тесен мини фустан од разигран материјал и Мини Кели Хермес чанта од 20.000 долари.

Таа се појавила со својот сопруг, египетскиот милијардер Мајкл Булос, со кој е во брак од ноември 2022 година. Се венчале токму на имотот Мар-а-Лаго, а на луксузната забава биле срдечно пречекани од Доналд Трамп, кој има одлично мислење за неговиот зет.

Во октомври, Трамп откри дека Тифани Трамп била во блажена состојба за време на митингот во Економскиот клуб во Детроит. Тој го посочил Масад Булос во публиката, таткото на Мајкл, и истакнал дека сопругот на Тифани Трамп е извонреден млад човек.

На сликите се гледа дека Тифани била во друштво на полубратот Барон Трамп, со кој има одлични односи, а истото важи и за нејзината маќеа Меланија Трамп.


Тифани, исто така поминувала време со Лара Трамп, сопругата на Ерик Трамп и нивните деца. Да потсетиме, новоизбраниот американски претседател ќерката Тифани Трамп ја добил со поранешната сопруга, актерката Марла Мејплс.


Од бракот со Ивана Трамп ја има ќерката Иванка која го пропуштила собирот и синовите Ерик и Доналд Џуниор Трамп.

Меланија пишувала за децата на својот сопруг во книгата „Меланија“, а познато е дека Тифани ја обожава!

„Стапувајќи во брак со Доналд, се најдов себеси како се снаоѓам низ сложената динамика на неговото големо семејство. Тоа бараше флексибилност и отвореност, но секој момент беше можност да се поврзам, да научам и да растам во оваа нова средина.“


Кога се омажила за Трамп во 2005 година, Иванка и нејзините браќа биле возрасни, додека Тифани имала 12 години и живеела со нејзината мајка во Калифорнија.

„Мојот пристап кон градење врска со децата на Доналд отсекогаш се засноваше на љубов и почит. Ја препознавам нивната индивидуалност, разбирам дека како нивна маќеа, мојата улога не е да ги заменам нивните мајки, туку да негувам целосна поддршка и пријателски однос.

Оваа перспектива ми овозможи да негувам значајни односи со секое дете на единствен начин.

Иако можеби не се согласувам со секое мислење или избор направено од децата на Доналд, ниту се согласувам со сите одлуки на Доналд, признавам дека различните ставови се природен аспект на меѓучовечките односи.


Важно е да се запамети дека секој човек заслужува почит и разбирање, без оглед на нивните разлики.

Се фокусирав на создавање средина каде што секој ќе се чувствува слободен да се изрази автентично. Наместо да ги наметнувам моите ставови или да ги критикувам другите, се трудев да бидам постојано присутна и некој на кој би можеле да се потпрат“, пишува Дејли Меил.