[ФОТО] „Уапси ме и носи ме со себе“: Најубавата српска полицајка го „излуде“ интернетот – Мажите непрестајно ѝ оставаат коментари на социјалните мрежи

Точка

02/12/2024

23:06

6.670

Големина на фонт

а а а

Полицајката Лидија Такач од Нови Сад стана вистинска сензација во Србија и сето тоа поради атрактивниот физички изглед.

Лидија е активен член на социјалните мрежи, каде што редовно споделува содржини и од нејзиниот деловен и од личниот живот.

Нејзините фотографии во униформа воодушевуваат многу корисници на „Instagram“, а таа дури ја доби титулата Најубава полицајка во Србија.


Во лето, најголемо внимание привлекуваат нејзините фотографии во костим за капење, додека опуштено лежи на плажа или позира пред огледалото. Комплиментите на сметка на нејзиниот изглед непрестајно се нижат, но не изостануваат ниту непристојните понуди, како и шегите на сметка на нејзината професија.


Коментари од типот: „Уапси ме и земи ме со себе“, „Мислам дека ова е најубавата полицајка што сум ја видел“, „Убава си, омажи се за мене“, „Не би ми пречело да ме приведеш“, се редовни коментари на нејзиниот официјален Instagram профил, но Лидија не обрнува многу внимание на тоа.

Од друга страна, има и такви кои врз основа на ваквите фотографии заклучиле дека е „преубава за да биде полицајка“ или процениле дека на девојката кој изгледа и позира така местото не ѝ е во полиција, дури и иако не ни знаат какви се нејзините квалификации и способности. Инаку, Лидија е дипломиран правник.


Лидија овие денови има нови обврски. Таа неодамна го родила своето второ дете и гордо покажува фотографии од породувањето и потоа. Во меѓувреме таа се потстрижала и малку ја потемнела косата, па сите коментираат колку драстично се променила.