[ФОТО] Не наликува на себе, но „убива“ со изгледот: Новите жешки фотографии, многумина оставија без зборови

Точка

17/12/2024

17:34

4.697

Големина на фонт

а а а

Обожавателите на Ким Кардашијан беа шокирани од нејзината неверојатна трансформација на изгледот за најновата промотивна кампања.

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан уште еднаш ја изненади јавноста со промената на имиџот.

Според „Дејли Мејл“, таа морала да ја направи оваа трансформација по повод снимањето на новата промотивна реклама за нејзиниот бренд за долна облека „СКИМС“.


Ким се одлучила за руса перика, а со помош на шминка го променила личниот опис. Потоа фотографиите од снимањето ги објави на сите социјални мрежи, а нејзините многубројни следбеници на Инстаграм, благо кажано, „полудеа“ поради нејзиниот изглед.

Како што може да се забележи, Ким ја претстави колекцијата секси парчиња облека, а фотографиите со сигурност ќе го „загреат“ машкиот дел од публиката.


Најголем впечаток остави крзненото бикини кое ријалити ѕвездата гордо го носеше. Тоа ја истакна нејзината завидна фигура, а оваа жешка фотографија на Ким Кардашијан никого не остави рамнодушен.