[ФОТО/ВИДЕО] „Ова е најлошиот град кој некогаш го посетив“: Сите се нељубезни, никаде нема семафори, сите ве зјапаат и сите се боси

Точка

20/12/2024

18:01

3.755

Големина на фонт

а а а

Роберт Дацешин, патописецот од Босна и Херцеговина, го откри неговото искуство во градот за кој вели дека е најлошиот кој некогаш го посетил.

„Пред да започнам со оваа приказна, сакам да нагласам дека знам дека не е убаво некое место да се нарече најлошо. Како некој кој во речиси сè и во секого го гледа позитивното, по патувањата во над 110 земји низ светот и обиколувањата на стотици градови, секогаш ќе најдев некој убав дел од секој град“. Така беше и при посетата на Дака во Бангладеш или Лахоре во Пакистан, кои според статистиките се вбројуваат во најзагадените градови во светот.

„Меѓутоа по три дена кои ги поминав во Ченаи, Индија, можам само да кажам дека ова е најлошото место на кое сум бил и дефинитивно никогаш повеќе нема да се вратам овде“, вели Роберт Дацешин на почетокот на видеоснимката која ја објави на својот Јутјуб канал.

„Еве ме луѓе во Ченаи, одам на првата атракција. Прво што забележувам е сличноста со Бангалдеш, а тоа е големиот број на питачи. Бараат пари секогаш кога некој автомобил ќе застане. Има многу помалку бучава, сирени, звуци, доста е тивко, барем засега. Искрено се надевам дека ќе остане така. Времето не е баш најдобро“, вели Роберт во видеото и додаде дека тешко се разбирал со локалните жители.



„Иако пред да дојдам овде очекував дека ќе биде многу полесно да се комуницира на англиски отколку во Бангладеш или Пакистан, засега тоа не е така. Доста локални жители не зборуваат англиски. Комуникацијата е доста тешка“.

Роберт се обидел да влезе во црквата, но не успеал.

„Погледнете го ова, сите ги соблекуваат чевлите пред да влезат во црква и ги оставаат чевлите. Се обидов да влезам во црквата, а тие беа толку нељубезни. Генерално се многу нељубезни. Апсолутно никој не сака да го снимате, дури и кога снимам вака, а некој е зад мене, веднаш викаат. Искрено не е пријатно чувството“, раскажа Роберт кој едвај успеа да ја премине улицата.


„Преминувањето на улиците во градот е исто така посебна приказна за мене. Апсолутно никаде нема семафори и пешачки премини, па така се обидувате да се уфрлите, а никој не ни помислува да ви застане. Во хинду храмовите и џамиите потребно е ги соблечете чевлите. Јас сум единствениот кој носи чорапи, сите се боси и сите ме гледаат, но овде сè е влажно“, раскажа Роберт и додаде: „Погледнете ги моите патики по само 3 часа во Индија.


„Еден мал совет доколку јадете во ресторан во Индија, би било добро да изедете што повеќе од нарачаната порција. На тој начин покажувате почит кон луѓето. Локалниот жител ми вели дека дури иако храната не ви се допаѓа, пробајте да изедете што повеќе, за готвачите и вработените да не се навредат, а ние ја завршивме нашата порција“, додаде Роберт.