[ФОТО] Албанка од Улцињ го „потресе“ Балканот со матурскиот фустан од 2.000 евра! Целиот регон е воодушевен од најскапата креација од Црна Гора

Точка

03/07/2025

19:28

2.201

Големина на фонт

а а а

Има само 18 години, доаѓа од Улцињ и веќе ги помести модните граници кога станува збор за матурските вечери.

Дорина, ученичка во гимназијата „Вилазерим Башким“, ја понесе титулата за најубава матурантка во регионот, а нејзиниот изглед го остави целиот ТикТок без здив.


Видеото од влегувањето на Дорина во салата со молскавична брзина се прошири на социјалните мрежи, собирајќи стотици илјади прегледи за само неколку дена. Коментарите се редат еден по друг, и сите се согласуваат во едно – Дорина апсолутно победи оваа година.


За српскиот портал „Zena.blic“ открива дека самата го осмислила дизајнот на фустанот, а луксузната креација во „nude“ нијанса ја сошила дизајнерката Доника Лоци. Цената на фустанот? Дури 2.000 евра!

„Јас сум матурантка со најубавиот и најскапиот фустан во Црна Гора“, порачува Дорина, без ни трошка лажна скромност. И сосема оправдано.


Фустанот е вистинско модно ремек-дело: нежна боја на кожа, рачно извезени детали со кристали, сјај што од одредени агли потсетува на змиска кожа. Горниот дел е изработен во стил на корсет, додека долниот го краси грандиозна балска сукња со длабок, драматичен шлиц и наборена „nude“ постава која дополнително го засилува луксузниот ефект.


Дорина модни поени освои и со совршениот избор на обувки – сандали во „nude“ нијанса со платформа, кои визуелно ѝ ги издолжија нозете. Изгледот го надополни со елегантни, проѕирни ракавици со кристални и сјајни детали, кои совршено се вклопија со фустанот.

Без накит, со нежна шминка и брановидна коса, Дорина покажа дека вистинската елеганција доаѓа од ставот и вкусот.


Ние се заљубивме во Дорина на прв поглед. А вие? Дали таа постави нов стандард и заслужено ја понесе титулата кралица на матурата?