Дали воопшто има смисла дуелот помеѓу "Lamborghini" со 1.001 коњски сили и роудстерот на "Mazda" со 181 коњски сили? Некои мислат дека има. Во што е "финтата"?
"Motor1" направи интересно откритие за време на нивниот тест "Cool Car Cup" – можете да го притиснете гасот до крај во "Lamborghini Revuelto" без да го „разбудите“ неговиот монструозен V12 мотор.
Имено, "Revuelto" е хибрид со електромотори на двете предни тркала и уште еден поврзан со менувачот. Во режимот "Città" (режим на возење во град), тој нуди околу 185 коњски сили.
"Motor1" имаше при рака автомобил со сличен погон – "Mazda MX-5 Miata" со 181 коњски сили на располагање од неговиот 2.0-литарски четирицилиндричен мотор.
Овој специјализиран автомобилски сајт дошол на идеја да приреди интересен дуел, па го искористиле правиот дел на патеката за да дознаат кој болид е побрз – "Miata" или "Revuelto" во електричен режим.
Иако електричните мотори на "Lamborghini" можат веднаш да го испорачаат целиот свој вртежен момент, "Miata" се претстави добро во оваа конкуренција. Иако имаат слична моќност (кога "Revuelto" е во градски режим), "Miata" тежи околу 1.100 кг, додека "Lamborghini" има тежина од околу 1.800 кг.
Во трката за забрзување со летечки старт со почетна брзина од 30 km/h, "Miata" сепак добро се држеше.
"Motor1" организираше и дуел во кој "Lamborghini" е во "Corsa" режим, кога ќе ги ослободи сите 1.001 коњски сили, а веројатно нема потреба да ви кажеме како поминал.