Храбриот дизајн на овој модел е одговорен за позитивна промена во перцепцијата на "Toyota" во Европа.
"Toyota C-HR" бележи уште еден значаен резултат и до крајот на годината ќе ја надмине бројката од еден милион продадени возила во Европа, потврдувајќи ја својата позиција како еден од најпродаваните модели на јапонскиот производител на целиот континент.
Лансиран во 2016 година, "C-HR" е препознатлив модел со неконвенционален дизајн, што ја доближува "Toyota" до новата публика која го цени модерниот стил.
Автомобилот потоа постави нови дизајнерски стандарди во европскиот сегмент "C-SUV" со својот изглед со остри рабови, кој потсетува на динамичните линии на спортско купе.
Препознатливиот изглед на овој модел е одговорен за позитивна промена во перцепцијата на "Toyota" во Европа, велат од јапонската компанија.
Повеќе од половина од купувачите го наведуваат стилот на автомобилот како клучна причина за купување, што помогна "Toyota C-HR" да стане модел „со најдобар рекорд во привлекувањето нови сопственици на "Toyota" за прв пат“.
Во текот на своите две генерации, моделот "C-HR" одржува одлични продажни резултати и е еден од најпопуларните автомобили на "Toyota", кој продолжува да привлекува нови клиенти.
Воедно, најновата варијанта "PHEV" значително придонесе за зголемување на пласманот на "plug-in" хибридите од овој бренд, кој е поголем за 93% во однос на претходната година.
Втората генерација на "Toyota C-HR" се одликува со дизајн прилагоден на европските вкусови, инженеринг и производство, со инженерите и дизајнерите на "Toyota" во техничкиот центар во Завентем, во близина на Брисел, кои користат иновативен развој, вклучувајќи податоци во реално време од возачите низ Стариот континент.
Најновата гама на "Toyota C-HR" за првпат ја вклучува верзијата "PHEV" на "Plug-in Hybrid 220", со електричен опсег на возење што одговара на потребите и навиките на современите европски клиенти.
Обезбедува возење како вистински електричен автомобил со електричен досег до 66 km (просечна потрошувачка според стандардот "WLTP"), а кога се користи исклучиво на градски улици или урбани средини достигнува електричен опсег од околу 100 km, во зависност од спецификациите на верзијата.
Во согласност со нејзината посветеност за соработка со локалните заедници, батериите се произведуваат во Европа, во фабриката на "Toyota Motor Manufacturing Turkey" (TMMT) во Сакарја, која оваа година слави 30-годишнина.
Покрај "Plug-in Hybrid 220" верзијата, три други хибридни електрични погони се исто така базирани на најновата хибридна технологија на "Toyota" од петтата генерација.
"Hybrid 140" има 1,8-литарски мотор со 140 коњски сили, додека за клиентите кои сакаат уште поинтересно возачко искуство, "Hybrid 200" ја комбинира моќноста и ефикасноста на 2,0-литарски мотор со 197 коњски сили.
Конечно, постои верзија со ознака "Hybrid 200 AWD-i", која има погон на четири тркала. Покрај поголема моќност и вртежен момент, оваа опција за погонски агрегат обезбедува подобар стисок и стабилност и попрецизно вртење во кривина.