„2045“ пристигнува во Европа и САД: Тајванската игра за конфликт со Кина го фасцинира светот

Точка

30/12/2024

14:09

1.755

Големина на фонт

а а а

Во текот на последните години Кина ги засили воените активности во близина на демократски Тајван, вклучувајќи го натрупувањето на поморските сили околу островот претходно овој месец.

Новата игра на табла, насловена „2045“, им дава задача на играчите да се движат низ неволјите на војната користејќи шарени акциони мапи и ликови кои се вклучени во операциите 10 дена пред измислената кинеска инвазија врз Тајван.


Ова вклучува членови на тајванските вооружени сили, кинески агенти и прокинески политичари кои работат на саботирање на одбраната на островот, како и граѓани кои земаат оружје за да ја одбранат својата татковина.


Кина тврди дека Тајван е нејзин и дека никогаш не се откажала од употребата на сила за да го стави островот под своја контрола. Претседателот на Тајван и неговата влада силно се спротивставуваат на кинеските претензии за суверенитет и велат дека само жителите на островот можат да одлучуваат за нивната иднина.

Тајванскиот производител на друштвени игри „Mizo Games“ го започна групното финансирање (crowdfunding) за играта во август, а во рок од два и пол месеци, компанијата доби повеќе од 120.000 американски долари за финансирање на проектот.

„Не е многу мирно околу островот Тајван и западниот Пацифик сега додека зборуваме“, изјави за Ројтерс, Чанг Шао Лиан, основачот на „Mizo Games“ во неговата канцеларија во Тајпеј.


Чанг рече дека сака „играчите да почувствуваат дека сакаат да победат и да размислуваат за тоа што да направат за да победат“.

Играта, која исто така треба да биде пуштена во продажба во САД и Европа подоцна во текот на следната година, беше развиена во период кога тајванските власти ги интензивираа подготовките за сценарија, вклучително и конфликт во Кина.


Минатата недела, претседателскиот кабинет на Тајван ја одржа својата прва „вежба на маса“ во која беа вклучени владини агенции надвор од вооружените сили, симулирајќи воена ескалација со Кина.