Британската полиција фатила возач на „BMW“ како вози брзо на автопат – со 190 км/ч на Божик. Посебни им падна во очи налепница на автомобилот на која пишува: „И мене ме плаши моето возење“.
Полицијата откри дека возачот е фатен и сега се соочува со судска постапка. Тој возел пребрзо со "М27" среде бел ден на Божик.
Фотографиите од црното "BMW" покажуваат дека автомобилот е модифициран и има голем спојлер, пишува "Daily Mail". На автомобилот има неколку налепници на кои пишува: „И мене ме плаши моето возење“, „Несфатен“ и „Прегласно? Штета“.
„Иако патиштата се мирни, тоа не е оправдување да ги користиме како автопат без ограничувања … ние сè уште патролираме … Овој возач научи на потешкиот начин“, соопшти полицијата на "X".
The roads might be quiet but it's no excuse to use them as an autobahn ... we are still out on patrol... This driver found out the hard way! Clocked at 118mph on the #M27. No awaiting his day in court!
— Hampshire Roads Policing Unit (@HantsPolRoads) December 25, 2024
At least his choice of sticker is accurate! #ItsNotWorthTheRisk #27526 pic.twitter.com/YjIEfGUwGc