Американскиот рапер Остин Ричард Пост, познат како Пост Малоун, оставил бакшиш од 20.000 долари за сметка од 1 долар на самохрана мајка во Хјустон, која работела на две работни места на Божиќ. Неговиот хуман гест го воодушеви светот.
Имено, раперот испил неколку пијалаци со Шабозеи во барот „Реилјард“ на Божиќ, а келнерката Рене Браун од Хјустон, која ги послужувала, останала во солзи кога видела бакшиш од 20.000 долари на сметката, која некој ја платил во име на Малоун.
Post Malone left a $20,000 tip on a $1 bill for Houston bartender Renee Brown, a single mother working two jobs, on Christmas Eve. ❤️🎉💰 pic.twitter.com/uUSubINyen
— Daily Loud (@DailyLoud) January 7, 2025
Во интервјуто за „Мјузик мејхем“, таа бакшишот го опишала како божиќно чудо и истакна дека планира да ги искористи парите за да ја плати киријата и да инвестира во бизнис кој ќе ѝ овозможи да поминува повеќе време со нејзината ќерка.
„Кога отидов на работа на Божиќ, бев многу тажна затоа што морав да ја оставам ќерка ми дома. Ми беше навистина тешко и ова беше благослов што не можам да го опишам. Само неговото доаѓање беше апсолутно прекрасно, тоа е нешто за тоа што можам да кажам и што можев да се сеќавам до крајот на мојот живот“, опишала таа.
Post Malone is a national treasure 🥹
— Bi$hup™️ (@BishupH) January 7, 2025
Yo, Posty out here spreading Christmas cheer like it’s confetti! 🎄💰 That’s some next-level generosity—$20K on a $1 bill? Bro really turned into Santa with a mic. 🎤❤️ That's what I call tipsy giving! Who's ordering shots for the rest of the year?
— Island Herbz (@island_herbz) January 7, 2025
Хуманиот потег на раперот набрзо предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.
„Не носат сите херои наметки. Браво, Пост Малоун“; „Пост Малоун е национално богатство“; „Тоа е посебна дарежливост – 20.000 на банкнота од долар? Тој навистина се претвори во Дедо Мраз со микрофон“; „Ова е причината зошто го сакам Пост Малоун. Тој секогаш се грижи за своите обожаватели“; „Убаво е да се види дека некој го користи неговиот успех за да ги промени животите на другите“; „Секоја мајка заслужува повеќе од тоа“; „Ни требаат повеќе луѓе како него“, се само дел од бројните коментари.