Откако во неделата го освои својот прв Златен глобус за улогата во „Супстанција“ („The Substance“), Деми Мур (62) продолжува да ги полни насловните страници, но овој пат за скандалозното видео од 1982 година.
Имено, спорната снимка на која актерката, која тогаш имаше 19 години, страсно го бакнува својот 15-годишен колега Филип Танзини, со кој ја снимаше телевизиската серија „Општа болница“, ги згрози корисниците на социјалните мрежи.
Контроверзното видео, кое првпат било емитувано од „Ентертејнмент тунајт“, е направено по повод прославата на 15. роденден на Танзини и во него може да се слушне Мур како вели: „Толку го сакам. Тој е еден од моите омилени луѓе… Тој е навистина одличен и јас навистина го сакам“, пишува „Дејли мејл“.
Has #DemiMoore ever addressed and apologized for this video? Men aren't the only ones that are predators! She was almost 20 years old here and her #GeneralHospital costar, #PhilipTanzini, was celebrating turning 15 at this party. https://t.co/AGJZgULu6s pic.twitter.com/riBBZu28JT
— Perez (@ThePerezHilton) January 9, 2019
Тогаш во шегата се приклучи и самиот Танзини, кој додаде: „Инаку, се венчаме. Само да не дознае нејзиниот сопруг“.
Патем, Мур тогаш беше во брак со нејзиниот прв сопруг, Фреди Мур, чие презиме актерката го задржа и по разводот.
„Ова е жената која сите одеднаш ја фалите? Одвратно!“, „Вратете ѝ ја наградата СЕГА! Ми се гади!“, „Луѓето кои го бранат ова се всушност луди“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.