[ФОТО] Изгоре куќата на Метју Пери

Точка

09/01/2025

21:06

1.200

Големина на фонт

а а а

Во страшниот пожар во Лос Анџелес изгоре и куќата на покојниот Метју Пери.

Шумскиот пожар што го зафати Лос Анџелес го уништи и домот на актерот од „Пријатели“ - Метју Пери.

Метју Пери ненадејно почина во октомври 2023 година во своето џакузи, а неговата палата неодамна ја купи продуцентката Анита Верми-Лилијан за 8,5 милиони долари. Куќата сега е целосно уништена во пожарот што го зафати Лос Анџелес.

Лилијан објави слики и видеа на Инстаграм и напиша дека таа и нејзиното семејство планираат да ги почитуваат „позитивните аспекти од животот на претходниот сопственик, неговиот огромен талент и сета радост што им ја донесе на толку многу луѓе“.

Таа исто така додаде дека ќе задржи некои од карактеристиките на луксузната палата, вклучувајќи го и познатото лого на Бетмен во базенот на имотот.

„Во моментот кога влегов во куќата, апсолутно се заљубив во карактеристиките, особено во погледот на Тихиот Океан. Знаевме дека е „тој дом“ и решивме веднаш да пратиме понуда за него. Секој дом носи енергија што сегашниот сопственик ја внесува. Имавме среќа што нашиот хинду свештеник од Аризона дојде во куќата да ја благослови. Се помоливме за Метју“, истакна новиот сопственик, додавајќи дека одлуката за купување на вилата немаше никаква врска со Пери и неговата слава.

Вилата е на 3.500 квадратни метри, а Метју Пери ја купил во 2020 година за шест милиони долари.

Инаку, саканиот Чендлер од „Пријатели“ се удави во џакузи под дејство на кетамин, а неколку лица беа уапсени поради неговата трагична смрт под сомнение дека илегално го снабдувале со дрога.