Познатата пејачка се сомневала дека сопругот ја изневерува, она што го открила ѝ го скршило срцето: Неговиот таен профил ѝ ги дал одговорите, разводот бил неминовен

Точка

09/01/2025

15:12

3.037

Големина на фонт

а а а

Пејачката Лили Ален го шпионирала својот сопруг исто како детектив, затоа што се сомневала дека е неверен. Таа открила дека тој барал други жени на апликацијата преку која тие двајца се запознале

Одлучила да го шпионира сопругот откако се посомневала дека тој ѝ е неверен. За жал, сомнежите се потврдиле. Неговиот таен профил на апликација за запознавање открил дека водел двоен живот. Тој таргетирал одредена група жени и тоа го направил на мрежата каде што и тие двајцата се запознале.

Познатата пејачка Лили Ален (39) се приклучила на апликацијата „Raya“, која е резервирана за познати личности. Се пријавила со барање дека „бара жени“ со цел да ја открие вистината за нејзиниот сопруг Дејвид Харбор (49).


Дознала дека тој има профил на оваа апликација и дека бил активен најмалку еден месец, пред таа да се впушти во детективска истрага.

„Бркал познати жени, таа никогаш не погледнала во друг маж“

„Raya“ е толку ексклузивна апликација што прифаќа барања за членство од околу осум проценти од апликантите, но има повеќе од 10.000 членови, од кои 100.000 се на листа на чекање. Откако корисниците ќе најдат нов партнер, обично го деактивираат својот профил.

„Лили бараше жени кои беа на апликацијата „Raya“ и ги споредуваше со жените кои Дејвид ги следи на Инстаграм за да се обиде да открие со кого се гледа“, раскажал изворот а пренесува „Daily Mail“

Лили Ален го запознала својот сопруг токму на оваа платформа во 2019 година. И двајцата ги избришале своите профили откако започнале врска. Тие се венчале во 2020 година во Лас Вегас.


„Таа се приклучи на мрежата „Raya“ за да се обиде да открие дали тој се гледа со некого. Лили не погледнала во друг маж откако го запозна него. Таа е уништена. Тој раскина со неа пред еден месец. Тие требаше да бидат на одмор во Кенија за Божиќ“, додал инсајдерот.

Пејачката не се огласила во јавноста откако минатиот месец осамна веста за нивната разделба, но нејзините пријатели потврдиле дека дошло до разделба.

На профилот на нејзиниот поранешен партнер пишува: „Во посета на Њујорк од Атланта“, „Бубалицата од плакарот кој глуми жестоки момци на вашиот телевизор“. За профилна песна ја одбрал „Houses Of The Holy“, на бендот „Лед Цепелин“, откриле „MoS“.


Дејвид напишал дека живее во Атланта, Џорџија, која е далеку од семејната куќа во Бруклин каде што поранешниот пар се преселил во 2020 година. Лили Ален ги запишала децата во локални училишта. Минатата година купил куќа во Атланта за да биде поблиску до снимањето на „Stranger Things“. Во моментов се снима петтата и последна сезона.

Веќе се гледа со друга жена, но ја крие

Лили Ален уште од есента се сомневала дека нејзиниот поранешен сопруг е заинтересиран за други жени. Во времето кога се разделиле, таа верувала дека тој во тајност има девојка.

„Лили беше сигурна дека веќе некое време бил отворен за запознавање нови луѓе, иако за тоа дозна дури на крајот на летото. Тој живееше во Атланта една година поради снимањето“, открил изворот.


Харбор минатата недела престојувал во Индија каде што бил виден со друга жена во храм во подножјето на Хималаите, придружуван од водич. Се фотографирал со фановите, но се обидувал другата жена да не заврши во кадар, а неа ја опишуваат како: „не е русокоса, многу е витка и има меѓу 22 и 30 години“.

Лили Ален во тоа време била во Кенија со децата. Пејачката се повлекла во илегала и избегнува забави со познати пријатели. Загрижила многумина кога во поткастот „Miss Me?“ рекла дека ѝ е многу тешко, но дека се труди да биде силна, како и дека децата тешко го поднесуваат разводот. Но, напомнала и дека е подготвена да продолжи понатаму.

Изворот нагласил дека во последните месеци доживеала вистинска агонија.


Харбор претходно зборувал за тоа колку е горд што е татковска фигура на нејзините деца Етел (13) и Марни (11) од првиот брак со Сем Купер. Поранешниот пар не се огласувал на шпекулациите за неговото неверство.