Првата дама на Хрватска ја шие облеката, не купува сокови, а со години заработувала повеќе од сопругот: На Сања Милановиќ ова ѝ е најважно

Точка

13/01/2025

20:02

2.560

Големина на фонт

а а а

Сања Мусиќ Милановиќ, првата дама на Хрватска, каде и да се појави привлекува внимание со својот елегантен и пристоен изглед. Малкумина знаат дека таа сама го дизајнира најголемиот дел од нејзината облека, а потоа бара помош од шивачка која ѝ ги шие парчињата облека кои Сања со задоволство ги носи.

„Навистина сакам да си играм со модата и дизајнот. Дизајнирањето облека ми е неверојатно забавно и релаксирачко. Во последно време навистина уживам во рециклирањето парчиња облека од мојот плакар, она кога од некое парче кое повеќе не го носам, мојата шивачка Анкица и јас ќе направиме нешто ново, па така на пример, од здолниште ќе настане блуза. Понекогаш сме успешни во тие настојувања, па тие парчиња облека потоа ги гледате на мене, а понекогаш не“, неодамна изјави Сања.


Инаку Милановиќ ја запознал сопругата Сања во 1991 година, а во тоа време тој беше дипломиран правник, а потоа таа студирала медицина.

Тие се венчаа три години подоцна, а Милановиќ и загрепчанката од Херцеговина во бракот добија двајца синови, а според неодамнешните пишувања на „Т portal“ парот наводно првично заработувал преку куќна продажба на правосмукалки.


Сања докторирала на тема дебелина кај возрасните во Хрватска, 11 години по бракот со Милановиќ. „Со месеци стануваше во четири часот наутро, пред работа, за да работи на докторатот додека децата спиеја“.

Таа била вработена како епидемиолог во Хрватскиот завод за јавно здравје, а работела и на Медицинскиот факултет. Поради овие ангажмани имала поголема плата од премиерот на Хрватска – нејзиниот сопруг оваа функција ја извршувал од 2011 до 2016 година.

Додека беше сопруга на премиерот изјави нешто што никогаш нема да се заборави.


„Кога ќе се каже дека црниот леб кој го препорачуваме е поскап од белиот, тој иницијално е поскап, но едноставно можете да го сечете на потенки парчиња. Тоа е поевтино и поздраво, а кога ќе отстои, следниот ден, тој е уште поквалитетен за консумирање. Треба да го разбиеме митот дека правилната исхрана е поскапа, таа е поевтина бидејќи треба да изедете помалку храна“ (2014).

Зборовите на Сања беа протолкувани на начин што таа го доби прекарот Марија Антоанета, а нејзината цел за спречување на дебелината во Хрватска е повеќе од очигледна.


Сања, за која нејзиниот сопруг рече дека е тврдоглава како него, но и многу понежна во текот на јавните настапи, дома го практикува она што јавно го промовира:


„Можеби јас сум одговорна за тоа што во нашето семејство постои свест за зачувување на здравјето. Мојотпостар син активно се занимава со спорт, со гимнастика почна да се занимава на три и пол години, а потоа на седум години почна да игра фудбал. И помалиот син оди на гимнастика. Кај нас дома не се консумираат сокови, само вода. Јаков понекогаш ми бара да купам сок, кога му доаѓаат пријателите бидејќи му е срам дома да немаме сокови или грицки. Но, јас навистина не ја поддржувам културата на грицкање, а спортувањето во нашето семејство е особено важно. Зоран, секогаш кога може, трча на Максимир или со велосипед оди на Сљеме“, изјави во една прилика Сања.