[ВИДЕО] Еден од последните филмови на Дејвид Линч сега достапен на Нетфликс: Бизарен и генијален, исто како и него

Точка

21/01/2025

21:44

762

Големина на фонт

а а а

Дејвид Линч, легендарниот режисер и уметник познат по својот уникатен стил и влијателни дела како „Твин Пикс“ (Twin Peaks), почина на 78-годишна возраст по битка со емфизем. Неговото заминување го остави филмскиот свет во жалост, додека бројните фанови и колеги му оддаваат почит на овој гениј кој ја редефинираше филмската уметност.

Во текот на својата кариера, Линч создаваше ремек-дела кои ја одбележаа историјата на филмот. Неговите дела, како што се „Eraserhead“, „The Elephant Man“ и „Blue Velvet“, го сместија на самиот врв на светската кинематографија во 1970-тите и 1980-тите. Со телевизиската серија „Твин Пикс“, која ја создаде со Марк Фрост, тој воведе нова ера на мистериозни серии, оставајќи неизбришлива трага во поп културата.


Линч освоено бројни награди низ годините, вклучувајќи осум Еми, две награди БАФТА, четири Златни глобуси и почесен Оскар во 2019 година.

Еден од последните филмови на Дејвид Линч, краткометражниот филм „Што направи Џек?“ (What Did Jack Do?), е достапен на Нетфликс. Филмот, снимен во црно-бело, трае само 17 минути, а Линч во него глуми детектив кој го испрашува мајмунот Џек Круз.

Првично прикажан во 2017 година на филмскиот фестивал Фондација Картие во Париз, „Што направи Џек?“ доби исклучително добри критики и оценка од 93 отсто на Ротен Томатос (Rotten Tomatoes). Критичарите го опишаа како „необичен скапоцен камен“, кој истовремено е бизарен и вознемирувачки.

Линч зборуваше за овој филм уште во 2014 година, откривајќи дека работел на специјален стол за мајмунот од Јужна Америка.


„Обожувам да градам работи, а ова го градам специјално за филмот со мајмуните“, изјавил Линч тогаш.

Влијанието на Линч врз светот на филмот и телевизијата не може да се измери. Неговите дела продолжуваат да ги инспирираат и интригираат гледачите низ целиот свет, а „Што направи Џек?“ останува симбол на неговата генијалност и љубов кон експериментирањето. Тоа е филм кој нуди последен поглед во умот на еден од највлијателните режисери на нашето време.