[ФОТО] Не сопираат шегите на сметка на шеширот на Меланија: Го споредуваат со лик од реклама

Точка

21/01/2025

16:22

1.644

Големина на фонт

а а а

Меланија Трамп на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп се појави во капут вреден повеќе од 4100 евра, а комбинацијата ја комплетираше со впечатлив шешир на американскиот дизајнер Ерик Џавитс.

Нејзиниот шешир го привлече вниманието на гледачите кои се собраа на социјалните мрежи како би го коментирале нејзиното издание, а некои ја искористија приликата и да се пошегуваат. Од споредби со ликот Хамбурглар од рекламата на Мекдоналдс, до коментарот дека „изгледа како да е во неволја“, па сè до споредбите со пејачот Мајкл Џексон. Како и да е, досетки не недостигаа. Еве ги најдобрите.

„Изледа како да се упатила на британски погреб“

„Зошто е облечена како Мајкл Џексон?“

„Сестра ми вели дека Меланија изгледа како Хамбруглар.“

„Се одлучила за изглед на мафијаш од 1920-тите.“

„Го видов шеширот на Меланија.“

„Изгледа како ламба.“

„Изледа како да се упатила на британски погреб.“

„Не сум сигурна дали навистина е таа... Можеби само Илон се замаскирал.“