Баерн Минхен вчера го промовираше 21-годишниот голман Јонас Урбиг како важно долгорочно засилување за својот прв тим, а Оливер Кан за „Билд“ коментирал што се случува со голманската позиција во редовите на великанот.
Германската легенда го поздравил трансферот на Урбиг, без разлика што тој е четврти голман во сениорскиот состав.
– Нојер и Улрајх ќе играат уште најмногу две сезони, па Баерн мора да има избор и по тој период.
– Ако Нојер реши да замине во пензија уште ова лето, тогаш Баерн ќе има сериозна задача да ја пополни таа позиција. Можеби ќе направат некој голем трансфер, но во моментов не гледам таков голман, – вели Кан, кој не исклучува можност и да биде вратен Александер Нибел токму поради оваа причина.
– Нибел напредува добро во Штутгарт, го забележавме неговиот потенцијал додека бев во раководството и затоа го ангажиравме. Тој беше преамбициозен за да седи на клупа, па затоа сметавме дека треба да игра во друга екипа. Можевме и да го продадеме, но го задржавме како долгорочна опција, – рекол Кан.