14-годишно дете од Русија го победи светскиот шампион: На турнир во Њујорк се случи невидено чудо

Точка

29/01/2025

20:16

6.158

Големина на фонт

а а а

Неверојатни вести доаѓаат од шаховски турнир кој се одржа во Њујорк. Светскиот шампион Магнус Карлсен, познатиот велемајстор од Норвешка доживеа болен пораз.

Момчето од Русија, Давид Ахмедов, кој има само 14 години, победи на онлајн турнир против славниот Магнус Карлсон, најдобриот светски шахист. Белите фигури ги имаше младиот Русин, а во 56. потег го матираше Норвежанецот. Магнус Карлсен има 34 години и е 20 години постар од момчето од Русија.


Свен Магнус Јенс Карлсен е роден во Тонсберг на 30 ноември 1990 година. Норвежанецот е шаховски велемајстор и актуелен светски шампион во шах. Карлсен моментално е рангиран како играч број еден во светот. Во јануари 2012 година стана седмимиот број еден во историјата на рејтинг листата на ФИДЕ. Неговиот највисок рејтинг беше 2.882, што го претставува најдобар резултат на сите времиња.


Карлсен ја освои титулата велемајстор на 26 април 2004 година, кога имаше 13 години и 148 дена, со што стана трет најмлад велемајстор во историјата на шахот. На рејтинг-листата на ФИДЕ во јануари 2010 година, тој стигна до број еден на возраст од 19 години и 32 дена, што го прави најмладиот играч во историјата на шахот што го постигнал ова, соборувајќи го рекордот на Владимир Крамник. Тој исто така го освои Светското првенство во брз шах во 2009 година.


Давид Ахмедов е роден во 2010 година, а од 2024 година ја носи титулата шаховски мајстор на ФИДЕ. Неговиот моментален рејтинг е 2.368.