Поранешната руска тенисерка Ана Курникова за прв пат по две години беше фотографирана во јавност, а тоа ги загрижи обожавателите бидејќи беше забележана во инвалидска количка.
Курникова ретко се појавува во јавноста бидејќи се посвети на мајчинството и семејниот живот, но овој пат 43-годишната тенисерка, која се повлече од тенисот во 2003 година, беше забележана во инвалидска количка во саботата во Бал Харбор, луксузен трговски центар во Мајами.
Курникова носеше ортопедска чизма на стапалото, што укажува дека неодамна се здобила со повреда, но сè уште не е познато за што точно се работи.
Tennis legend Anna Kournikova sparks major concern in first public appearance in over two years https://t.co/OuYUlDtNBt
— Mail Sport (@MailSport) January 28, 2025
Ана моментално живее во Мајами и е во долгогодишна врска со познатиот пејач Енрике Иглесијас, со кој има три деца – близнаците Луси и Николас и ќерката Мери.
Никогаш не успеа да освои ниту една титула на во сингл конкуренцијата, но благодарение на атрактивниот изглед брзо стана една од најпознатите тенисерки во светот.
Нејзиниот најдобар пласман беше во 2000 година, кога беше на осма тенисерка во светот. Во парови, таа беше светски рекет број 1, и освои две титули на Австралија Опен со Мартина Хингис.