По критиките, Гомез го избришала видеото на кое плаче поради депортацијата на мигрантите од САД

Точка

28/01/2025

14:56

1.617

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка и актерка со мексиканско потекло Селена Гомез, го избришала емотивното видео кое предизвика многу реакции на Инстаграм. 32-годишната Гомез се снимила како плаче поради неодамнешните постапки на Доналд Трамп, поточно депортацијата на мигрантите од САД.

„Жал ми е“, напишала таа покрај емоџи со мексиканско знаме.

„Сите мои луѓе се нападнати и децата. Не разбирам. Жал ми е. Посакувам да можам да направам нешто, но не можам. Не знам што да правам. Ќе се обидам се, ветувам“, рекла Селена во видеото кое сега веќе не е достапно, на нејзиниот профил, пренесува „Индекс“.

Некои ја критикуваа Селена што ја објавила оваа објава и плачела поради депортираните мигранти. Десничарката Томи Ларен на социјалната мрежа „X“ Селена ја нарекла „идиот“.

„Ова е причината зошто не прифаќаме политички совети од детските ѕвезди на Дизни“, додала таа.

Пред да ја преземе функцијата, Трамп најави масовни депортации на мигранти без документи во Америка. Националната акција против мигрантите во неделата, на 26 јануари, резултираше со апсење на 956 лица, најмногу откако Трамп се врати на власт, според Службата за имиграција и царина (ICE).

Мексико минатата недела прими депортирани мигранти, изјави вчера мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум, спротивно на претходната најава дека ќе се спротивстави на тоа.

Шејнбаум објави дека Мексико примило повеќе од четири илјади депортирани и дека огромното мнозинство од нив се Мексиканци. Оваа бројка вклучува луѓе испратени од САД на четири летови.


Селена ја поддржала Камала

Селена ѝ дала поддршка на Камала Харис на претседателските избори во САД. По победата на Трамп, Селена споделила цитат од американската писателка и феминистка Одри Лорд. Цитатот гласи:


„Не можам да бидам слободна додека секоја жена не е слободна, дури и ако нивните синџири се различни од моите“. Таа покрај цитатот додала: „Тешко ми е денес“.